Упатство

Упатство за користење на е-содржини
Вовед во skoool.com | Вовед во skoool.mk | Типови на е-содржини – skoool.mk | Објекти за учење | Симулации | Белешки за учење

1. Вовед во skoool.com

Во ерата на компјутеризацијата на образовните системи, еден од најважните компоненти за зголемување на едукативната примена на опремата и интернет конекциите во училиштата се воведувањето на електронските содржини во наставата кои овозможуваат достапност до наставните материјали до сите ученици, во секое време и од било кое место.

Компанијата Интел во последните десетина години има вложено експерти и средства во поддршка на креирање и развој на образовни е-содржини. Содржините се преведени на повеќе јазици и се користат во повеќе држави во светот на сите континенти, на национално, регионално или училишно ниво. На секој од порталите содржините се распоредени во структура која е одраз на образовниот систем на корисникот.

Официјалниот портал кој ги обединува сите локални портали и преку кој може да се пристапи на секој портал покрај можноста на директен пристап е skoool.com. На почетната страна на овој портал може да се види мапата на користење на содржините во светот.

skoool.com

Еден од порталите на кои е претставен систем близок на нашиот е порталот на округот Кент, а до него може да се пристапи преку избор на UK (Обединетото кралство) од списокот на земја во Европа. На овој портал е-содржините се распоредени во два главни дела Key Stage 3 и Key Stage 4, кои одговараат на нашиот втор и трет развоен период во деветгодишното образование.

На почеток на страна

2. Вовед во skoool.mk

Сите е-содржини развиени од Интел беа донирани на Министерството за информатичко општетство, кое обезбеди нивна локализација на македонски и на албански јазик како и изградба на порталот за Република Македонија, додека мапирањето на содржините, стручниот преглед и одобрувањето беа направени од страна на стручни лица од Бирото за развој на образованието. При отварањето на порталот се отвара македонската верзија, додека, за да се користи албанската верзија треба да се кликне на копчето за избор на јазик, лоцирано на горниот десен агол од насловната страна.

Содржините се сместени на порталот skoool.mk, го добиваме и тоа систематизирани во 6 јазичиња: Одделение 1-3, Одделение 4-6, Одделение 7-9, Повеќе ... , Белешки и Средно образование, кои ги има и како слики-врски во долниот дел на насловната страна.

skoool.mk

На левата страна од горе надолу се наоѓаат врските:

  • сликата skoool.mk во горниот лев агол води секогаш до насловната страна;
  • сликата skoool.com која води до официјалниот портал на Интел;
  • врската до порталот за електронски учебници e-ucebnici.mk;
  • врската до веб локацијата на Министерство за информатичко општество; и
  • врската до веб локацијата на Бирото за развој на образованието.

Опцијата Пребарај овозможува пребарување на содржините, при што доволно е да се внесе барем еден збор од насловот на содржината, во кирилична поддршка.

Доколку се кликне на јазичето на некое од групите одделенија, се отвора страница со врски до предметите кои се изучуваат во тие одделенија.

preku_predmet

По избор на предметот се отвора страница како на сликата подолу.

listaLOs

До истата локација можно е да се дојде и доколку се отвори менито на соодветното одделение и се кликне на бараниот предмет, како на сликата подолу.

preku_meni

Понатаму, се избира одделението и содржината. При секое отворање на избран предмет, отворена е страницата на најниското одделение во групата. За избор на повисоко одделение се кликнува на одделението. Прикажано е она одделение кое е подвлечно со зелена боја, како на пример „Осмо“ на сликата подолу.

listaLOs_2

На почеток на страна

3. Типови на е-содржини – skoool.mk

Постојат три типа е-содржини кои можат да се најдат на порталот: објекти за учење, симулации и белешки за учење. Нив ги има во различен број, и не за сите наслови постојат трите типа на содржини.

Првите два типа се содржини кои ги сочинуваат јазичињата Одделение 1-3, Одделение 4-6, Одделение 7-9, Повеќе ... и Средно образование, додека белешките за учење се содржините сместени во јазичето Белешки.

На почеток на страна

3.1. Објекти за учење

Објектите за учење се интерактивни објекти кои можат да се препознаат по иконата СЛИКА STEP која се наоѓа пред врската на објектот. Според нивоата на образование на земјата за која првично се развиени содржините, има два типа објекти за учење, па постои разлика помеѓу оние за пониските и повисоките одделенија.

Откако ќе се отвори објектот за учење за пониските одделенија започнува презентацијата на содржината. Се состојат од три дела: Научи, Тест и Преглед, а преминот од еден во друг дел оди автоматски, или доколку корисникот сака да премине во даден момент, кликнува на соодветното елипсасто копче во горниот десен агол на прозорецот, кое ќе ја смени бојата од сина во портокалова.

nauci

Делот Научи се состои од содржина распоредна во одреден број на сцени, чиј вкупен број и тек автоматски се прикажува десно во редот каде стои името на содржината, односно под копчињата за деловите на содржината. Материјалот се прикажува автоматски, и забрзаното движење напред назад во сцените не е можно кај содржините од пониските одделенија.

Во долниот ред се наоѓаат копчињата: стартување, стопирање, претходна сцена, следна сцена и исклучување/вклучување на звук.

Тестот се состои од две прашања, кои може да се одговараат повеќе пати. На секоj избор на еден од понудените одговори, ученикот ќе биде известен за точноста и ќе му бидат дадени дополнителни информации или помош независно од тоа дали одговорил точно или не.

test

Прегледот го известува корисникот кои се целите кои треба да се постигнат со изучување на содржината.

pregled

Објектите за учење за повисоките одделенија се состојат од неколку целини на наставен материјал. Во панелот од десната страна се наоѓа листа на целини опфатени со е-содржината, над која се наоѓа насловот на содржината. Под-насловот кој во моментот се прикажува е во зелена боја, а истиот се прикажува и лево од главниот наслов.

LO_povisoki

За разлика од објектите за пониските одделенија, овие содржини немаат дел за самопроверка на знаењата ниту дел „Преглед“, но со движење на лизгачот под насловот, може да се оди напред или назад во под-насловот.

На почеток на страна

3.2. Симулации

Симулациите се интерактивни модели преку кои ученикот се обидува да го провери но и да го дополни своето знаење. Се препознаваат преку иконата СЛИКА SIM пред врската за симулацијата. Ученикот треба да направи вежба на спојување, подесување, внесување на вредности и слично, зависно од предметот и целите кои терба да се постигнат.

sim_start

Симулацијата во зависност од правилната вежба на ученикот, завршува успешно,

sim_uspesno

или неуспешно.

sim_neuspesno

На почеток на страна

3.3. Белешки за учење

Белешките за учење се наставни материјали кои формираат веб страници, и наликуваат на материјали од учебник. Може да им се пристапи преку јазичето Белешки, каде прво треба да со побара предметот од кој сакате белешка,

beleski_gore

а понатаму и насловот на материјалот.

beleski_dole

По кликнување на насловот, се отвара страницата со содржината, која на горниот дел има врски со важните и означени делови од содржината.

beleska_gore

Со преглед надолу, се прикажуваат и деловите од текстот кој се најдолу на страницата.

beleska_dole

На почеток на страна