Видови, својства и примена на радиоактивноста

Назад
Видови, својства и примена на радиоактивноста
 
Позадинска радијација | Видови радијација | Опасностите од радијацијата | Време на полураспаѓање | Примена на радиоактивноста
 

Позадинска радијација

Некои супстанции зрачат радијација. Тие супстанции се нарекуваат радиоактивни.

Радиоактивните атоми се нестабилни и постојано се распаѓаат.

При распаѓање на атомот, се распаѓа јадрото на атомите при што се ослободува радијација.

Радиоактивни супстанции има насекаде околу нас, во почвата, во воздухот, во зградите и во храната.

Освен тоа, радијацијата доаѓа до нас од космосот.

Радијацијата од сите овие извори се нарекува позадинска радијација.

Видови радијација

Постојат три вида на радијација што се емитуваат од радиоактивни супстанции.

Алфа честички: не се многу продорни. Тие се апсорбираат од неколку сантиметри воздух или од тенок лист хартија.

Бета честички: умерено продорни. Лесно поминуваат низ воздух и хартија, но се апсорбираат од неколку милиметри метал.

Гама зраци: мошне продорни електромагнетни бранови. Тие се апсорбираат од неколку сантиметри олово или од неколку метри цемент.

Радијацијата на својот пат низ некој материјал може да биде апсорбирана. Колку што материјалот е подебел, толку повеќе радијација се апсорбира во него.

Опасностите од радијацијата

Кога радијацијата од радиоактивните супстанции се судира со неутрални атоми или молекули, тие може да станат јонизирани. Ова значи дека тие формираат честички со електричен полнеж, наречени јони.

Ако молекулите на живите клетки се јонизираат, тие може да предизвикаат загрозување на здравјето, вклучувајќи рак.

Колку што дозата на радијација е поголема, толку е поголема опасноста од добивање рак.

Поголеми дози радијација ги уништуваат клетките на ракот.

Кога изворот на радијација е надвор од телото, алфа честичките се најмалку опасни затоа што не може да продрат низ кожата и да допрат до живите клетки.

Бета честичките и гама зрачењето се најопасни, затоа што продираат низ кожата и допираат до клетките и органите, кои што може да ги апсорбираат.

Работниците што имаат допир со радиоактивни материи треба да носат радиоактивен привезок, што ја мери јачината на радијацијата и јавува ако работникот е изложен на радијација подолго време.

Привезокот содржи парче фотографски филм. Филмот потемнува кога е изложен на радијација.

Филмот се затемнува пропорционално со времето на изложување на работникот на радијација.

Ако радиоактивниот извор е внатре во телото, алфа честичките се најопасни затоа што тие најмногу се апсорбираат од клетките.

Бета честичките и гама зраците се помалку опасни, затоа што тие пооминуваат низ ткивата.

Период на полураспаѓање

Радијацијата емитувана од извор на радиоактивно зрачење постојано слабее напоредно со распаѓањето на нестабилните атоми.

Периодот на полураспаѓање на радиоактивна материја претставува време потребно за распаѓање на половината од радиоактивните атоми.

Со други зборови, тоа е време кога количеството на почетната радиоактивна супстанција се намалува двојно.

Гајгер-Милеровиот бројач, ГМ бројач, се користи во детектирањето и мерењето на радијацијата. Количеството на радијација се мери со број на распаѓања во секунда.

12.22_half_life



Периодот на полураспаѓање на оваа супстанција изнесува 15 минути.

Колку што јадрата на атомите на супстанцијата се понестабилни, толку е пократок периодот на нејзиното полураспаѓање.

Супстанциите со долг период на полураспаѓање се меѓу најопасните, затоа што ја задржуваат радиоактивноста во тек на долги години.

Примена на радијацијата

  • уништување на клетки заболени од рак
  • уништување на штетни микроорганизми
  • набљудување и контрола на дебелината на материјалите во производството, например, на хартија, гума, метали
  • во болниците, за набљудување на процесите во телото
12.22_uses_of_radiation

Најчесто се употребува извор на бета честички.

Ако листот ја има потребната дебелина, до детекторот допира едноличен синганл, со што на екранот се покажува права линија.

Ако линијата започне да се крева нагоре, листот е премногу тенок и обратно, ако линијата започне да опаѓа листот е премногу дебел.

Најчесто користените радиоактивни извори се емитерите на гама зраци, така што радијацијата поминува низ телото до детекторот, бидувајќи сосема малку апсорбирана од клетките и ткивата. Гама зраците имаат доста кус период на полураспаѓање, со што се минимизира можноста за оштетување на клетките и ткивата.

Назад