Тектоника

Назад

Тектоника

Тектонски плочи  | Граници меѓу плочите | Зони на субдукција  | Ширење на морското дно
 

Тектонски плочи

Едно време се веруваше дека целокупниот релјеф на Земјата настанал од стегање на кората додека Земјата се ладела во текот на нејзиното формирање.

Денес, доказите сугерираат дека Земјината литосфера (кората и горниот дел на мантијата) е составена од поголем број засебни единици наречени тектонски плочи.

Тектонските плочи се во постојано движење со релативна брзина од неколку сантиметри годишно.

Нивното движење е предизвикано од конвексните струи во Земјината мантија.

Конвексните струи се предизвикани од топлината, настаната од природните радиоактивни процеси во средиштето на Земјата.

Ако ги погледаме облиците на континентите на Земјата, ќе забележиме дека тие може да се спојат во единствен облик, иако се раздалечени со илјадници километри.

Рабовите на овие копнени маси имаат слична структура од карпи и фосили.

Ова сугерира дека некогаш сите континенти биле дел од единствена копнена маса што била поделена и деловите раздвоени. Ова е теорија на континентално плутање создадена од Алфред Вегенер во 1915 година. Теоријата не била широко прифатена цели 50 години.

Тој ја нарекол почетната копнена маса Пангеа.

Граници на плочите

plate_boundaries

Дијаграмот ги прикажува позициите на денешните континенти и позициите на границите на тектонските плочи.

Земјотреси и/или вулкански ерупции настануваат токму на границите меѓу тектонските плочи.

Со стрелки се прикажани насоките на движење на тектонските плочи.

Например, тие минуваат една покрај друга во пределот на брегот на Калифорнија.

Токму затоа земјотресите се честа појава таму.

Зони на субдукција

Во некои облати, например долж западниот дек на Јужна Америка (Андите) плочите се движат една кон друга.

Со тоа потенкиот и погуст дел од океанското дно навлегува под подебел слој карпи од гранитен тип.

Оваа појава се нарекува субдукција.

Триењето може да предизвика топење на карпите и создавање на метаморфни карпи.

Субдукцијата предизвикува збивање на континентачните плочи, со што се формираат планини и долини (пропасти во карпите).

Субдукцијата предизвикува појава на земјотреси и магмата може да се крене низ континенталната кора, создавајќи вулкани.

Ширење на морското дно

Плочите се разидуваат долж океанските гребени како што е Централно-Атлантскиот гребен на дното на Атлантикот.

Оваа појава се нарекува ширење на морското дно.

Појавата предизвикува пукнатини исполнети со магма, со што се формираат игнитни карпи, како што е базалтот.

Магмата содржи минерали богати со железо, кои што ја бележат насоката на магнетното поле на Земјата во времето кога магмата се стврднува.

Структурите на движењето на магнетните линии во океанската кора се појавуваат паралелно со океанските гребени.

Тие структури се совпаѓаат со периодичните промени на магнетното поле на Земјата, што исто така ја поддржува идејата за ширење на океанското дно.

Назад