Корисни производи од карпи

Назад
Корисни производи од карпи
 
Варовник | Цемент, бетон и стакло
 
Варовник

Варовникот е многу корисен вид на седиментарна карпа.

Тој по состав е калциум карбонат, CaCO3 настанат по природен пат.

Варовникот се користи како градежен материјал.

Во форма на прашок, тој се додава во езерата и почвите за неутрализација на нивната киселост, бидејќи е сол на јака база и покажува базни својства.

Кога варовникот се загрева во печка, тој се распаѓа на негасена вар (калциум оксид) и на јаглерод диоксид.

калциум карбонат

—›

калциум оксид

+

јаглерод диоксид
(варовник)
 

(вар)

   

Овој тип на реакција се нарекува термичко распаѓање. Другите карбонати се исто така подложни на термичко распаѓање.

Варта реагира со вода при што се добива гасена вар (калциум хидроксид).

калциум оксид

+

вода

  —›

калциум хидроксид

(вар)

      (гасена вар)

Гасената вар се користи во земјоделството за неутрализација на киселите почви.

Цемент, бетон и стакло

Цементот се добива со печење на смеса од варовник и глина во прашкаста состојба, во посебни ротациони печки.

Кога на цементот во прав му се додава вода, настанува низа хемиски реакции со кои што се формира цврста маса.

Бетонот се добива со мешање на цементот со вода, песок и камења.

Притоа настанува бавна хемиска реакција во текот на која се формира цврст облик на цемент сличен на карпа, кој се користи во градежништвото.

Армираниот бетон се добива со додавање на арматура во бетонот, со што бетонот добива на цврстина.

Стаклото се добива со загревање на смеса од варовник, песок и натриум карбонат (сода).

Назад