Нервен систем
| Назад | ||||||||||||||||||||||
| Нервен систем | ||||||||||||||||||||||
| Сетила и дразби | Централен нервен систем | Рефлекси | Око | ||||||||||||||||||||||
| Сетила и дразби Нервниот систем им овозможува на луѓето да ги забележуваат промените во нивната околина и да реагираат на нив. Дразба претставува промена во околината.
|
||||||||||||||||||||||
|
Централен нервен систем ЦНС е поврзан со периферниот нервен систем кој е изграден од нерви, ганглии и вегетативен нервен систем. Секој нерв содржи снопче од нервни продолжетоци, и е окружен со овивка за изолација. Информацијата низ сетилните нерви се пренесува од рецепторите до мозокот. Мозокот го координира одговорот и низ моторниот неурон испраќа импулс до ефекторот, орган што ја извршува реакцијата на дразбата, а може да биде мускул или жлезда. |
||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||
| Рефлекси Некои одговори на дразбите се автоматски и се случуваат многу брзо, на пример трепкањето или тргнувањето на раката од врел предмет. Овие движења се нарекуваат рефлексни движења и често служат да го заштитат телото од опасност. Рефлексните движења ги вклучуваат невроните: сетилен неврон, преносен неврон, моторен неврон.. Кога импулсот стигнува до крајот на едниот неврон, нервните завршетоци лачат хемикалија што се пренесува преку синапсата до наредниот неврон, каде што импулсот поттикнува следен импулс за испраќање. Кога импулсот стигнува до мускулот – ефектор, тој се стега. Ако ефекторот е жлезда, таа одговара со излачување. На пример, при рефлексот на коленото: дразба - рецептор - сетилен неврон – нервен центар - моторен неврон - ефектор - одговор удар по коленото - во ногата – сетилен неврон - `рбетен мозок - моторен неврон - мускул во ногата - коленото се исправа |
||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||
| Назад | ||||||||||||||||||||||








